Достапни линкови

Пронајдени 11 мигранти од Бангладеш кај Демир Капија


Миграни во близина на Идомени на границата меѓу Грција и Македонија, 16 јули, 2020.

Единесет мигранти од Бангладеш биле пронајдени вчера на автопатот Гевгелија – Неготино, кај наплатна станица „Демир Капија“. Мигрантите биле пронајдени при контрола на две возила, едно со велешки регистарски таблици, а друго со тетовски. Со возилата управувале двајца мажи од село Бузалково, велешко.

Како што информираат од СВР Велес, мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниотн центар Гевгелија, за понатамошна постапка.

За настанот е известен јавен обвинител, по чии насоки против возачите ќе биде поднесена кривична пријава.

XS
SM
MD
LG