Денеска е Светски ден против трговијата со луѓе

илустрација

Обединетите нации соопштија дека годинава Светскиот ден против трговијата со луѓе е фокусирана на оние што се првите редови во борбата против оваа појава. Станува збор за луѓе кои работат во различни сектори - идентификување, поддршка, советување и барање правда за жртвите на трговија со луѓе, како и казнување на трговците со луѓе.

Коронавирусот ја зголемува трговијата со луѓе

За време на кризата со ковид-19 нивната суштинска улога стана уште поважна, особено што ограничувањата наметнати од пандемијата ја отежнаа нивната работа. Сепак, нивниот придонес честопати се занемарува и не се признава, се наведува во соопштението на Обединетите нации по повод денешниот ден против трговијата со луѓе во светот