Достапни линкови

Коронавирусот ја зголемува трговијата со луѓе


мериканскиот државен секретар Мајк Помпео

Пандемијата на коронавирус направи повеќе луѓе ранливи на трговија со луѓе, изјави американскиот државен секретар Мајк Помпео, претставувајќи го годишниот извештај на Стејт департментот за трговијата со луѓе во светот.Тој додаде дека Авганистан и Никарагва се на списокот на најлоши земји во врска со овој проблем. „Нестабилноста и недостигот на пристап до критични услуги предизвикани од пандемијата значат дека бројот на луѓе ранливи на експлоатација од страна на трговците со луѓе рапидно расте“, рече Помпео.

ОН – Раселено 1 процент од светското население

Во извештајот Кина е критикувана за широко распространетата употреба на присилна работа, вклучително и преку масовен притвор во камповите каде што има милион припадници од муслиманското малцинство во земјата. Во извештајот се вели дека Пекинг ја проширил оваа кампања во други провинции и ја спроведува меѓу други верски малцинства. Кина негира малтретирање и вели дека камповите обезбедуваат стручна обука и се потребни за борба против екстремизмот.

XS
SM
MD
LG