Нова рунда експертски разговори меѓу Белград и Приштина

европскиот специјален претставник за дијалог, Мирослав Лајчак и шефовите на делегациите од Приштина и Белград, Скендер Хисени и Марко Ѓуриќ во Брисел

Во Брисел денеска, според неофицијални извори, во Брисел ќе се одржи експертски состанок во рамките на политичкиот дијалог меѓу Косово и Србија. Нема потврда за овие информации од канцеларијата на европскиот специјален претставник за дијалог, Мирослав Лајчак. Сепак, според изворите на РСЕ, шефовите на делегациите од Приштина и Белград, Скендер Хисени и Марко Ѓуриќ во Брисел ќе одржат уште една рунда, втора по ред. Двајцата ја одржаа својата прва експертска средба на 23 јули кога разговараа за исчезнатите лицa.

Лајчак: Конструктивни разговори меѓу Приштина и Белград за исчезнатите и раселени лица

Експертите ќе се состануваат редовно за да разговараат за темите поставени од претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Авдулах Хоти. Тие се согласија за ова на состанокот што се одржа во Брисел на 16 јули. Следната средба на највисоко политичко ниво е најавена за почетокот на септември. Дијалогот меѓу Косово и Србија беше обновен по прекин од 20 месеци.