Достапни линкови

Лајчак: Конструктивни разговори меѓу Приштина и Белград за исчезнатите и раселени лица


Разговорите а исчезнатите и раселени лица беа продуктивни и конструктивни, изјави специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак. Архивска фотогртафија.

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, потврди дека претставниците на Приштина и Белград на состанокот разговарале за исчезнатите и раселени лица.

„Овонеделните политички разговори на експертско ниво за исчезнатите и раселени лица беа продуктивни и конструктивни. Се радуваме на скорешниот следен круг на разговори во дијалогот меѓу Приштина и Белград“, објави Лајчак на Твитер.

Денеска беше одржан состанок меѓу експерти во рамки на политичкиот дијалог за нормализација на односите меѓу Србија и Косово.

Во Брисел разговори меѓу Белград и Приштина

Оваа средба на експерти од Белград и Приштина е договорен за време на првата рунда на обновените преговори, кои беа одржани минатата недела на 16 јули.

Според неофицијални информации од двете делегации, не е исклучена можноста следниот експертски состанок да биде одржана следната недела.

Во Брисел состанок во рамки на дијалогот Белград- Приштина

Според новиот пристап во овој процес, експертите треба да расправаат за темите кои ќе ги отвораат лидерите. На последниот состанок, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот на Косово Авдулах Хоти, освен за економијата, го отворија прашањето за исчезнатите и раселените лица.

Како што најави Лајчак, следната средба на највисоко политичко ниво треба да се одржи на почетокот на септември.

XS
SM
MD
LG