Палмер: САД и ЕУ работат Западен Балкан да стане дел од ЕУ

Метју Палмер, специјален претставник на Стејт департментот за Западен Балкан

САД и ЕУ тесно се координираат и работат за влез на регионот во Унијата, но и на меѓусебна интеграција на земјите од Западен Балкан преку таканаречената иницијатива „мини Шенген“. Ова на самитот на Западнобалканската шесторка организиран од Атлантскиот совет го истакна Метју Палмер, специјален претставник на Стејт департментот за Западен Балкан.

Видео самит на балканските лидери

“Работиме на тоа Северна Македонија и Албанија да ги испорачаат неопходните реформи за да се убеди Европскиот совет да ги отвори преговорите за членство на двете земји во ЕУ”, изјави Палмер. ЕУ и САД работа на дијалог меѓу Косово и Србија за нормализација на односите меѓу двете земји со ангажман на Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ во дијалогот Приштина- Белград.

Пендаровски: Да не дозволиме европската интеграција да остане далечна

На прашање за тоа како САД ги гледаат зачестените руски и кинески инвестиции во регионот, Палмер истакна дека Вашингтон не е против инвестиции „ако тие не се засновани на коруптивни практики и не ги нарушуваат законите“.