Досега регистрирани 29.458 прекршоци за неносење маска

Илустрација - Луѓе со заштитни маски поради Ковид-19 на Камени мост во Скопје

МВР соопшти дека полициските службеници досега констатирале вкупно 29.458 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, од кои 237 прекршоци во изминатото деноноќие.

На територијата на целата држава на вкупно 713 лице им се издадени решенија за изолација, а 24 лица потпишале изјави за самоизолација. Извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација при што е евидентирано 1 лице кое не ги почитувало овие мерки.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќие извршени се 35 контроли во објекти при што не се евидентирани објекти кои не ги почитувале одлуките на владата.