Средба Меркел - Лајен

Германската канцеларка Ангела Меркел и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

Германската канцеларка Ангела Меркел и шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска ќе се сретнат во Берлин за да го одбележат германското преземање на ротирачкото претседателство на ЕУ што ќе трае до крајот на годинава. Германија го презеде раководството на Советот на ЕУ од Хрватска. Меркел и нејзиниот кабинет истакнаа дека сакаат да напредуваат во клучните претходно поставени цели, како што се заштитата на климата, дигитализацијата и одредувањето на европскиот буџет.

„Неволната“ Германија одговорна за ЕУ

Франција и Германија во мај предложија план од 500 милијарди евра за да и се помогне на Европа да излезе од големите економски штети од коронавирусот. Француско-германскиот предлог предвидува давање грантови за земјите што се борат со закрепнување. Планот ќе биде на агендата на европскиот самит во Брисел следниот месец и бара едногласно одобрување од членките на ЕУ.

Некои земји - Холандија, Австрија, Данска и Шведска, инсистираат на тоа дека помошта треба да биде во форма на заеми со тешки услови, а не во форма на грантови.