За три дена на референдумот во Русија одѕивот над 28 проценти

гласач на референдумот во Русија

Централната изборна комисија на Русија соопшти дека вкупниот одѕив на гласањето бил скоро 28,5 проценти на третиот ден од еднонеделното гласање за уставни амандмани што би можеле да го отворат патот за продолжување на владеењето на претседателот Владимир Путин за 12 години. Досега гласале речиси 31 милиони луѓе, вклучувајќи го гласањето преку Интернет, изјави претседателката на Комисијата Ела Памфилова.

Почна седумдневниот референдум во Русија

Околу 110,5 милиони луѓе имаат право да гласаат на референдумот, што завршува на 1 јули. Уставни реформи предизвикаа остри критики од опозицијата и групите за човекови права кои ги сметаат за обид за грабнувања на моќта од страна на претседателот Владимир Путин. 67-годишниот руски лидер веќе две децении е на власт како претседател или премиер. Доколку се одобрат уставните измени, се отвора патот тој да се кандидира повторно кога неговиот тековен мандат истекува во 2024 година, и повторно во 2030 година.

Во Кремљ и резиденцијата на Путин поставени тунели за дезинфекција

Според сегашните правила, на Путин му е забрането да бара трет последователен шестгодишен мандат. На референдумот не е потребен минимален одѕив за гласањето да биде валидно. Но, аналитичарите сметаат дека Кремљ стравува дека нискиот одѕив би можело да го поткопа легитимитетот на уставните измени.