Истрага на црните кутии на украинскиот авион соборен во Иран

Комеморација на жртвите од соборениот авион

Следната недела треба да започне истрагата на црните кутии на соборениот украински авион во Иран, соопшти француската агенција за истраги на воздушни несреќи.

Авионот на „Украина Интернешнл“ беше соборен од воздушната одбрана на Иран на 8 јануари, при што загинаа сите 176 лица во авионот. Авионот беше соборен веднаш по полетувањето од главниот аеродром во Техеран. Иранските власти прво негираа дека стојат зад инцидентот, но потоа ја признаа дека по грешка го урнале авионот.

Во украинскиот авион најмногу жртви Иранци и Канаѓани

Иран на 22 јуни соопшти дека ќе ги испрати црните кутии во Франција во „следните неколку дена“.

Француската агенција денеска објави дека иранските власти побарале техничка помош со поправка и преземање на податоците од црните кутии на соборениот авион.

И канадски истражители ќе учествуваат во преземањето на црните кутии, за кои се очекува да содржат информации за последните моменти пред да се урне авионот.

Од 176 жртви од несреќата, 82 беа ирански државјани,а 63 Канаѓани, многу од нив со иранско потекло.