Достапни линкови

Во украинскиот авион најмногу жртви Иранци и Канаѓани


Иран- спасувачки тимови на местото на несреќата, 08.01.2020

Украинскиот министер за надворешни работи Вадим Пристајко соопшти дека 82 ирански државјани, 63 Канаѓани, десет Швеѓани, четворица Авганистанци, тројца Германци и тројца Британци се загинати во падот на украинскиот авион во кој имаше вкупно 176 луѓе. Украинскиот совет за безбедност соопшти и дека 11 Украинци се загинати, од кои девет членови на екипажот. Комерцијалниот авион се урна денеска во близина на аеродромот „Имам Хомеини“ во иранскиот главен град Техеран од каде што полета. Неговата крајна дестинација беше украинскиот главен град Киев, а компанијата соопшти дека повеќето патници патувале транзит. Државната телевизија на Украина, пак, јави дека се пронајдени двете црни кутии од авионот.

XS
SM
MD
LG