Апелација ја укина ослободителната пресуда за Латас

Драган Павловиќ Латас

Ослободителната пресуда за случајот „Тревник“ против новинарот Драган Павловиќ Латас и неговите браќа падна на Апелација. Апелацискиот суд ја укина пресудата поради суштинска повреда на постапката и ја врати на повторно судење во Основниот суд Скопје 1.

Ослободителната пресуда Кривичниот суд ја објави во јули минатата година. Поранешното СЈО ги гонеше обвинетите за кривичното дело бесправно градење.

Драган Павловиќ Латас и неговите браќа прогласени за невини за „Тревник“

Пресуда за случајот „Тревник“ на СЈО

Според судот, обвинетите започнале со градба на спорните објекти, но подоцна побарале дозволи, па нивните куќи биле легализирани според законската процедура за легализација на бесправно изградени објекти.

За судот, исто така, од суштествено значење е што претходно никоја од институциите не утврдила дека се работи за дивоградби.