Достапни линкови

Пресуда за случајот „Тревник“ на СЈО


Драган Павловиќ-Латас

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за случајот „Тревник“ на Специјалното јавно обвинителство, каде обвинети се Драган Павловиќ-Латас и неговите браќа Срѓан и Звездан за бесправна градба на три викенд куќи во Зелениково. Од СЈО бараат судот да ги осуди браќата Павловиќ за бесправно градење и да им ги одземе викендичките. Според СЈО, обвинетите делото го сториле со умисла бидејќи иако знаеле дека немаат право на градба, сепак почнале да градат и иако спротивно на закон изградиле три викенд куќи во Општина Зелеников. Одбраната ги оспорува доказите на СЈО и посочува дека не успеале да го докажат делото за кое ги товарат.

XS
SM
MD
LG