Пендаровски: безбедна кампања и фер избори

претседателот Стево Пендаровски

„За првпат од независноста на земјата имаме избори како земја-членка на НАТО и во очекување да ги почнеме претпристапните преговори со Европската Унија. Изборниот процес и изборите мора да бидат спроведени според високи стандарди и критериуми, имајќи ја предвид и нашата евро-атлантска перспектива“, порачува претседателот Стево Пендаровски во изјавата по повод почетокот на изборната кампања за предвремените парламентарни избори. Повикувајќи ги граѓаните да излезат и да гласаат по свое лично убедување, без страв и без притисоци, Пендаровски потсетува дека овие избори се одржуваат во време на пандемијата на ковид-19.

Официјален старт на кампањата за предвремените избори

„Во услови кога имаме избори без поголеми собири и теренски активности, медиумите имаат уште позначајна улога и затоа е потребно непристрасно и професионално да ја информираат јавноста. Социјалните медиуми ќе бидат значајна алатка во изборната кампања, честопати и како извор на потпалувачки говор и лажни вести кои го поткопуваат демократскиот развој на отворените општества. Апелирам до граѓаните да бидат внимателни и редовно да ги проверуваат информациите кои се пласираат на социјалните медиуми од непознати извори, посочува претседателлот на државата“, наведува во поираката претседателот Стево Пендаровски.