Достапни линкови

Официјален старт на кампањата за предвремените избори


Избирачко место

Денеска и официјално започнува кампањата за предвремените парламентарни избори во Северна Македонија. За првпат во досегашната изборна практика таа ќе се реализира во поинакви услови. До ова доаѓа откако заврши вонредната состојба од осум дена што на 15-ти јуни ја прогласи претседателот на државата Стево Пендаровски, а ја побара Владата заради спроведување на предвремените избори.

Партиите ветуваат „брда и долини“ како да нема корона-криза

Партиите веќе најавија дека во интерес на превентивата и здравјето на граѓаните нема да практикуваат митинзи и поголеми собири. Ќе имаат средби со граѓани но во помал обем, а изборните програми претежно ќе ги презентираат онлајн. Обраќањата до граѓаните ќе ги реализираат преку медиумите и социјалните мрежи.

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР почнаа со работа

На овие избори учествуваат четири коалиции и 11 партии, а гласањето ќе се одвива три дена. На 13-ти јули ќе гласаат заразените со Ковид-19 кои се лекуваат дома и лицата на кои им е одредена мерка самоизолација. На 14-ти јули ќе гласаат изнемоштените и болни лица, а сите останати на главниот изборен ден 15-ти јули, кога гласањето ќе трае во продолжен рок - од 7 до 21 часот.

XS
SM
MD
LG