Кривични пријави за 3 лица кои не ја почитувале мерката за изолација

Полиција. Илустрација.

МВР соопшти дека на 651 лице им се издадени решенија за изолација, а 346 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие. Три лица, според МВР, кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација, ќе бидат спроведени во државен карантин на сопствен трошок, а против нив ќе бидат поднесени и кривични пријави. По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 618 прекршоци.

За три недели повеќе заболени отколку во претходните три месеци