Полицаецот кој го застрела Рејшард Брукс е обвинет за убиство

Протести по убиството на Рејшад Брукс, Атланта, Џорџија

Полицаецот во Атланта, кој во минатата недела пукаше кон афроамериканецот Рејшард Брук, на паркингот на еден ресторан за брза храна, е обвинет за убиство, соопшти обвинителство во Џорџија. Смртта на 27-годишниот Брукс, последен на списокот на Афроамериканци убиени од полицајци, дополнително ги влошија расните тензии во Соединетите држави во време кога во државата се одржуваат протести против расизмот и полициската бруталност.

Медицински извештај: полицијата во Атланта го застрелала во грб Рејшард Брукс

Полицецот Герет Ролф, белец, го уби Брукс на 12 јуни и беше отпуштен следниот ден затоа што инцидентот го снимиле безбедносните камери. Ролф се соочува со вкупно 11 обвиненија, а доколку биде осуден, може да му биде изречена смртна казна или доживотен затвор. Афроамериканецот Брукс заспал во автомобил недалеку од ресторанот во Атланта, што го оневозможи минувањето на другите возила, поради што беше повикана полицијата. Како што може да се види на снимките раширени на социјалните мрежи, Брукс разговарал мирно со полицијата, но кога сакале да го приведат, затоа што било утврдено дека е во алкохолна состојба, тој започнал да бега.