Достапни линкови

Медицински извештај: полицијата во Атланта го застрелала во грб Рејшард Брукс


Поранешниот службеник на полицијата во Атланта, Гарет Ролф, го пребарува 27-годишниот Рејшард Брукс

Рејшард Брукс, Афроамериканец чија смрт во Атланта на 12 јуни предизвика протести против полициската бруталност низ САД, бил застрелан двапати во грбот. Во медицинскиот извештај се наведува дека Брукс починал од загуба на крв и повреди на органи. Смртта на Брукс поттикна поголема фрустрација по неколкунеделните протести во САД и низ целиот свет против полициската бруталност и расната нееднаквост по смртта на Џорџ Флојд, Афроамериканец убиен во полициски притвор во Минеаполис.

Оставка на полициски началник по убиство на уште еден Афроамериканец во САД

Во текот на ноќта на 13 јуни демонстрантите блокираа еден голем автопат и го запалија ресторанот каде беше убиен Брукс. Полицијата употреби солзавец за да ги расчисти протестите. Полицијата во Атланта го отпушти полицаецот кој пукаше во Брукс, а шефот на полицијата Ерика Шилдс исто така поднесе оставка. Инцидентот се случил кога полицијата во Атланта одговорила на повик, ноќта на 12 јуни, во која се известува дека Брукс заспал во неговиот автомобил и ја блокирал сообраќајната лента.

XS
SM
MD
LG