Комисијата за здравство ќе одлучи дали угостителите ќе работат по 22 часот

Угостителски објекти во Скопје во пандемија

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека Комисијата за заразни болести денеска на седница треба да ги разгледа новите протоколи според кои, угостителските објекти ќе може да работат и по 22 часот.

До Комисијата се доставени и други барања за измени во однос на угостителските објекти, меѓу кои и оној за седење максимум четири лица на маса ако се семејство. Сепак, како што напомена Бектеши, крајниот збор ќе ои има токму Комисијата и ќе се почитува нејзината одлука, односно препорака.

„Од наша страна е барано да се направат измени, но денеска Комисијата ќе го дискутира нашето барање. на крај, сепак, ќе ја почитуваме нејзината одлука и препорака. Побаравме измени и во делот – четворица гости од исто семејство,“ рече Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања на прес-конференција на која се осврна на трите пакет-мерки за поддршка на економијата.

Бектеши потсети и дека за хотелиерите протоколот е веќе објавен, а бил усогласен со Стопанската комора минатата недела.