Достапни линкови

Сместувачките угостителски објекти и хотелитe се отвораат од понеделник


хотел во центарот на Скопје

Од понеделник 22 јуни ќе почнат со работа хотелите и другите угостителски објекти за сместување туристи. Тоа е овозможено со Протоколот што го усвои Владата на синоќешната 69-та седница, а кој ги уредува процедурите за хотелско-сместувачкиот дел на објектите, потоа препораките и мерките за прием и сместување на гостите, ресторанските процедури, употребата на тоалетите, како и препораките за гостите и за постапување при појава на случај со симптоми на КОВИД-19.

Согласно Протоколот, предвидено е задолжително носење заштитна маска за гостите и вработените, како и да има дезинфекциска бариера за обувки пред влезна врата, како и пулт за дезинфекција на раце во холот.

Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително да носат заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце. Според протоколот, се ограничуваатголеми собири, со доследно следење на начелата за соодветно меѓусебно растојание. Внатре, покрај одржувањето на соодветно меѓусебно растојание за време на епидемија, употребата на маска е исто така задолжителна.

Предвидено е и плаќање со кредитна картичка како степен на заштита за да се намали ризикот од трансмисија на инфекцијата. Служењето храна на шведска маса не е дозволено, како ни послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси.

XS
SM
MD
LG