Централен регистар контра Антикорупциска, обврската за завршни сметки е во ИВЗ

Централен регистар

Основниот регистар на Верски заедници, црква, религиозни групи го води надлежниот суд, а Централниот регистар ги презема тие податоци согласно Закон за едношалтерски систем во 2005 и 2006 година, кога и биле предвидени законските рокови за преносот на податоците. Ова е реакцијата на директорката на Центраолниот Регистар Марија Бошковска-Јанковски, откако Антикорупциската комисија соопшти дека ќе бараат одговорност од раководството на Централниот регистар бидејќи од ИВЗ пет години наназад не е поднесена завршна сметка а ракодовството не превзело ништо околу очигледното кршење на законите и процедурите.

Антикорупциска отвори предмет за сет владини економски мерки

„Согласно член 18 од Закон за сметководство на непрофитни организации, непрофитните организации чија што вкупна вредност на имотот или годишниот приход е помал од 2.500 евра во денарска противвредност не се обврзани да составуваат финансиски извештаи и да ги доставуваат во Централен регистар во согласност со одредбите на овој закон. Тие непрофитни организации се должни да ја водат најмалку книгата за благајната и книгата на приходи и расходи,“ се вели во одговорот на Централниот Регистар.

Директорката Бошковска- Јанковски вели дека поради Закон за сметководство на непрофитни организации не е задолжително доставувањето на финансиските извештаи, ЦР не поведувал постапки против ниту една верска заедница, црква, религиозни групи.

Колку имот и какви бизниси има ИВЗ?

Во продолжение се вели дека Централен регистар не може да знае колкави се нивните приходи кои ги водат во книгите за благајни и книгата на приходи и расходи. Обврската согласно Законот во конкретниов случај е на ИВЗ.