Достапни линкови

Антикорупциска отвори предмет за сет владини економски мерки


Државната комисија за спречување на корупција денеска соопшти дека отворила предмет за првиот сет економски мерки и побарала од Владата документи и податоци за тоа кој добил, а кој бил одбиен и зошто. Претседателката на Антикорупциска комисија Билјана Ивановска на прес конферениција изјави дека поранешниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев е предмет на истрага на Комисијата.

„Аргумент плус, што го кажувате дека како советник учествува за да добие од друга страна економска корист, затоа што како економски советник може да влијае во утврдувањето на критериумите кои ќе ја формираат мерката. Во таа насока би одело нашето разгледување на предметот“, изјави Ивановска.

Таа посочи дека првото прашање на кое што работат е дали се обезбедува отчетност, транспарентнот и право на учество за мерката, односно кои биле критериуми, кој имал право да добива и како биле селектирани фирмите, а второто прашање е дали Кочо Анѓушев како член на тој совет ќе влијае на дефинирање на критериумите кои што ќе ги формираат мерките, за потоа да се јави како корисник на истите.

„Будно ги следиме сите процеси кои што се случуваат во текот на вонредната состојба, особено кои се од аспект на трошењето на буџетските средства. Ги гледаме сите уредби кои значат зафаќање на Буџетот. Се потрошија многу пари, дали е тоа оправдано или не. Во таа насока се движат нашите анализи,“ изјави Ивановска.

Топ 10 корисници на државна помош

Во меѓувреме таа соопшти дека ќе бараат одговорност од раководството на Централниот регистар бидејќи од ИВЗ пет години наназад не е поднесена завршна сметка а ракодовството не превзело ништо околу очигледното кршење на законите и процедурите.

Колку имот и какви бизниси има ИВЗ?

Антикорупционерите ќе го чекаат и извештајот на УЈП од надворешната контрола на ИВЗ спроведена во февруари пред да превземат евентуален нов чекор.

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ивановска посочи дека до Советот на Обвинители каде ќе поднесат преставка откако беше одбиена нивната пријава против градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети, која се однесуваше на дивите платфроми на Матка

XS
SM
MD
LG