Маски и пари

САД - САД во февруари влегоа во рецесија по 128 месеци експанзија, соопштија група економисти во Соединетите американски држави.

МАКЕДОНИЈА - Со сведочењето на Александар Василевски-Нинџа, денеска во Кривичниот суд во Скопје, продолжи судењето на организаторите на упадот во Собранието на 27 април 2017 година. Според сведочењето на Василевски, зад протестите и упадот во Собранието сојат функционери на ВМРО-ДПМНЕ.

МАКЕДОНИЈА - Во последните 24 часа се направени 987 тестирања, а регистрирани се 87 нови случаи на ковид-19 и еден смртен случај.

ТУРЦИЈА - Турските власти наредија притвор за 414 лица, главно воени лица, под сомнение за врски со мрежата за која Анкара вели дека го организирала неуспешниот пуч во 2016 година, соопштија обвинителите и државните медиуми, пренесе Ројтерс.

ПОЛСКА - Полска затвора 12 рудници за јаглен за да го запре ширењето на коронавирусот меѓу рударите. Оваа мерка ја најави вицепремиерот Јацек Сасин. Полска објави брз раст на бројот на случаи на коронавирус кај рударите, при што регионот на југот на земјата бележи најголем број на инфекции. Во моментов рударите за јаглен опфаќаат скоро 20% од сите случаи на коронавирус во Полска.

РУСИЈА - Русија ги ублажи ограничувањата на границата и ги укина рестрикциите во Москва, соопштија официјални лица, со што рускиот главен град е последниот најголем град што стави крај на забраната за движење која е во сила повеќе од два месеца.

ЛИБИЈА / ТУРЦИЈА - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека се приближува нова ера меѓу Соединетите Држави и Турција околу решавањето на ситуацијата во Либија.

САД - Судијата побара кауција од милион долари за условно ослободување на полицаецот обвинет за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд за време на неговото апсење. Бившиот полицаец Дерек Шовин се појави вчера на суд за прв пат откако се случи убиството, на кратко процесно сослушување преку видео врска. Судијата Џенис Рединг го закажа следното рочиште за 29 јуни, кога ќе се разгледа суштината на случајот.