Турција нареди апсење на 414 осомничени за врски со Фетула Ѓулен

Архивска фотографија од едно од последните приведувања на турски граѓани осомничени за врски со Ѓулен

Турските власти наредија притвор за 414 лица, главно воени лица, под сомнение за врски со мрежата за која Анкара вели дека го организирала неуспешниот пуч во 2016 година, соопштија обвинителите и државните медиуми, пренесе Ројтерс.

Властите спроведоа акција против наводните следбеници на американскиот муслимански свештеник Фетула Ѓулен, поранешен сојузник на претседателот Таип Ердоган, а сегашен негов политички противник. Според турските власти, Ѓулен стои за обидот за пуч во 2016 година, но тој го негира тоа.

Во полициска акција во измир веќе се притворени 191 осомничен, а акцијата продолжува во 22 провинции. Истанбулскиот обвинител нареди апсење на 158 лица, од кои 86 веќе се приведени, јави турската агенција Анадолија, пренесе Ројтерс.