САД и Русија ќе разговораат за нуклеарното оружје во јуни, поканета и Кина

американскиот специјален претставник за контрола на оружјето Маршал Билингсле

Соединетите држави и Русија се согласија за времето и местото за преговори за нуклеарното оружје што треба да се одржат овој месец, а ја поканија и Кина, соопшти американскиот специјален претставник за контрола на оружјето Маршал Билингсле. Претходно, Блумберг цитираше неидентификуван официјален претставник на американскиот Стејт департмент дека рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков и Билингслеа ќе се состанат во Виена на 22 јуни.

Трамп-Путин „ресет“ - дипломатија зад сцена

Претставникот не исклучи дека Соединетите држави можеби се подготвени да го продолжат Договорот за нуклеарно оружје „Нов старт“, доколку Русија „се посвети на тринасочна контрола на оружјето заедно сосо Кина. Новиот СТАРТ, последниот најголем договор за контрола на оружјето меѓу САД и Русија, треба да истече во февруари 2021 година.