Во Пакистан над 100.000 со коронавирус, нема место во болниците

Илустрација - Пакистански доктор прегледува пациент со симптоми на коронавирус

Властите во Пакистан соопштија дека се регистрирани повеќе од 100.000 заразени со Ковид-19 и дека болниците немаат доволно капацитет да ги примат сите пациенти, пренесе АП.

Владата денеска соопшти дека има 103.671 заразени, а според вчерашните податоци, од коронавирусот починале над 2.000 лица. Бројот на заразени лица беше значително потценет поради недоволниот број прегледи, така што министерот за здравство на провинцијата Кибер-Пактунква кон крајот на мај изјави дека бројот на заразени лица е десет пати поголем од официјалните податоци.