И по 15 јуни нема влез во Италија за странци кои не се од ЕУ

Илустрација - Посетител на римскиот Колосеум мери температура на влезот

Ни по 15 јуни Италија нема да дозволи странците од земјите што не се членки на ЕУ да влезат во земјата, најави денеска шефот на италијанската дипломатија Луиџи ди Мајо.

Тој истакна дека обврска на италијанските власти е да ги заштитат животите и здравјето на народот и додаде дека Франција и Германија му ветиле дека слободата на патување за европските граѓани ќе биде загарантирана од 15 јуни.

Тој посочи дека, истовремено, Италија се залага слободата на патување во Европа да почне од 15 јуни.