Текстилните и кожарските фабрики во Штип не смеат да работат за време на продолжениот викенд

Текстилните и кожарските фабрики на подрачјето на Општина Штип нема да смеат да работат за време на престојниот продолжен викенд, одлучи денеска Главниот координативен кризен штаб. Одлуката е донесена со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во Штип деновиве расте бројот на заразени текстилни работнички и членови на нивните семејства, поради што и неколку конфекции се затворени.

Се бара времено затворање на конфекциите во Штип

Сите останати правни субјекти и економски оператори, маркети и доставувачи на храна на подрачјето на Штип ќе работат согласно претходно издадените дозволи за движење за време на полициски час.

Од Кабинетот на вицепремиерката задолжена за економски прашања апелираат строго да се почитуваат протоколите за заштита на работниците при транспортот и на работните места.