Најмалку 39 повредени во напад со нож во градинка во Кина

илустрација

Најмалку 39 лица биле повредени во денешниот напад со нож во градинка во јужна Кина, јавуваат државните медиуми. Локалните власти во округот Кангву во регионот Гуангкси соопштија дека 37 деца и двајца возрасни претрпеле повреди со различен степен. Државните медиуми објавија дека напаѓачот бил 50-годишен чувар во училиштето чие презиме е Ли.

Кинеското прикривање на коронавирусот е како совeтското за Чернобил

Осомничениот бил приведен, а во тек е истрага. Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат деца со завои кои излегуваат или се спроведуваат во здравствен центар, пред кој има голема група луѓе.