Достапни линкови

Кинеското прикривање на коронавирусот е како совeтското за Чернобил


Пекинг

Висок официјален претставник на Белата куќа го спореди кинеското криење на појавата на коронавирус со прикривањето на Советскиот Сојуз на нуклеарната катастрофа во Чернобил во 1986 година. Советникот за национална безбедност Роберт О’Брајан рече дека Пекинг знаел што се случува со вирусот, кој потекнува од Вухан, но ја лажел Светската здравствена организација и спречувал надворешни експерти да имаат пристап до информации.

Вухан забрани лов, продажба и јадење диви животни

„Тие ослободија вирус во светот што уништи трилиони долари американско економско богатство што треба да ги потрошиме за да ја одржиме нашата економија жива, да ги задржиме Американците во живот за време на овој вирус“, рече О’Брајан за „Ен-Би-Си“. Катастрофата во нуклеарната централа во Чернобил, во поранешната советска република Украина испушти радиоактивен нуклеарен материјал во кој загинаа десетици луѓе за неколку недели и принудија десетици илјади да ги напуштат домовите. Претседателот на САД, Доналд Трамп, редовно ја критикува Кина за избувнувањето на коронавирусот.

XS
SM
MD
LG