Во Грција од 15 јуни без тестирање

Северна Македонија е меѓу 29-те држави од Европа и светот, за кои од 15 јуни ќе биде дозволено патување во Грција, според листата од Министерството за туризам на Грција, јави МИА од Атина. За влез во Грција нема да биде потребен тест, туку ќе се прават анализи по случаен избор.

Од министерството за туризам на Грција соопштуваат дека конкретната листа била направена откако бил проучен епидемиолошкиот профил на земјите од каде потекнуваат туристите, биле земени предвид вчерашните соопштенија од Европската агенција за безбедност во воздухопловството (ЕАСА), како и соодветната препорака од Комисијата за заразни болести од грчкото Министерство за здравство.