Четири земји со нивен предлог за фондот за обнова на ЕУ

Претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен

Австрија, Данска, Холандија и Шведска одговорија на предлогот на Париз и Берлин за формирање фонд за реконструкција на ЕУ и го презентираа нивниот контра-предлог, во кој тие се спротивставуваат на, како што се наведува, „колективизацијата“ на долговите во ЕУ, наведувајќи дека членките на ЕУ мора да ги вратат парите што ги добиле од фондот за да закрепнат од пандемијата. Четирите земји, кои ја сочинуваат таканаречената „трпелива четворка“, го скицираа својот претходно најавен нацрт на идниот фонд за реконструкција во. Главната точка на планот е - парите за помош мора да бидат вратени.

Курц не се согласува со планот на Меркел и Макрон

Планот следеше како одговор на германско-француската иницијатива за формирање на европски фонд за пост-пандемиска реконструкција, претставен претходно оваа недела од канцеларката Ангела Меркел и претседателот Емануел Макрон. Фондот треба да тежи 500 милијарди евра, со пари од финансискиот пазар. Европската комисија ќе ги преземе долговите во форма на долгорочен неповратен заем, а гаранти ќе бидат членки на ЕУ.