Уставниот суд на Косово загрижен поради заканите од претседателот и премиерот

Хашим Тачи и Албин Курти

Уставниот суд на Косово соопшти дека го следи со загриженост „заканувачкиот јавен дискурс“ предводен од претседателот и премиерот, како и од други носители на институционални и политички функции. Во реакцијата се вели дека Хашим Тачи и Албин Курти, кои се обвинуваат еден со друг, вршат притисок врз Уставниот суд и се обидуваат да влијаат, или да прејудицираат врз одлуката на судот за уредбата на претседателот за именување нов премиер.

Партијата на Курти изврши „проба за протести“ во Приштина

Уставниот суд остро го осудува таквото мешање во институционалната независност, како и обидот на политичките актери да го вклучат Уставниот суд во секојдневните политички дебати. Уставниот суд ја уверува јавноста дека нема да биде изложен на вакви притисоци и закани и дека никој не смее да има политичка или јавна заштита, бидејќи Уставот и законот ги даваат сите потребни гаранции Судот да дејствува независно и непристрасно.