Достапни линкови

Партијата на Курти изврши „проба за протести“ во Приштина


Албин Курти

Активисти на движењето Самоопределување на вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти вчера на плоштадот „Скендербег“ во центарот на Приштина, како што е објавено, извршиле „проба за протести“ во случај другите косовски парламентарни партии да формираат нова влада. Неколку стотини граѓани одговорија на повикот на групата на Фејсбук именувана „Со премиерот“, која брои над 300 илјади следбеници, и излегоа во центарот на градот, носејќи заштитни маски и одржувајќи социјална дистанца.

Курти бара мислење од Венецијанската комисија за овластувањата на претседателот

Партијата на Курти, чија влада не доби доверба од Собранието на Косово на 25 март, тврди дека нова влада може да се формира единствено по вонредни парламентарни избори, кои би се одржале откако ќе помине кризата со пандемијата на ковид-19. Претседателот на државата, Хашим Тачи, покрена иницијатива за формирање нова влада од страна на актуелниот парламентарен состав, а откако Самоопределување не одговори на неколкуте негови повици да именува кандидат за нов премиер.

XS
SM
MD
LG