Ќе се решава за полицискиот час и за работата на рестораните

Полициски час во Скопје

Комисијата за заразни болести денеска ќе расправа за траењето на полицискиот час за време на викендот и празниците во понеделник, како и за отворањето на угостителските објекти, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Приведени 46 прекршители на полицискиот час

„Го најавивме отворањето на угостителските објекти во оваа недела, но во текот на дискусијата ги имавме предвид и претстојните празници за време на викендот, така што во текот на утрешниот ден ќе ја знаеме дефинитивната одлука согласно стручните препораки“, рече Филипче. Овој викенд се преклопуваат два празника – Денот на светите просветители Св. Кирил и Методиј и муслиманскиот верски празник Рамазан Бајрам.