Достапни линкови

Приведени 46 прекршители на полицискиот час


Илустрација - Полициски час во Скопје

Во текот на изминатото деноноќие, на ниво на целата држава, евидентирани се 59 лица кои не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 46 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така по однос на мерката за не носење лична заштита на лице регистрирани се 28 прекршоци, соопшти МВР.

„За последните 24 часа на територијата на Република Северна Македонија на 96 лица им се издадени решенија за изолација, а 65 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација“, стои во соопштението на МВР.

XS
SM
MD
LG