Мицотакис ќе го соопшти владиниот план за туризмот

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис ја промовира ознаката Macedonia the GReat за производите од грчкиот регион Македонија на економскиот самит во Солун на 14 ноември 2019.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, денеска, како што е најавено, треба да го соопшти владиниот план за туризмот и економијата. Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, претходно рече дека се подготвува кохерентен план за рестартирање на туризмот, во кој ќе бидат вклучени сите аспекти и здравствените и во однос на патувањето, но и економските. Туризмот беше една од главните теми на вчерашната видео конференциска средба, на премиерите на Грција, Бугарија, Романија и претседателот на Србија.

Димитров на „Солун 2020“: Регионот мора да закрепне

Претходно на иницијатива на шефовите на македонската и грчката дипломатија се одржа министерска средба за координација и унапредување на соработката на Министерствата за надворешни работи од земјите од Западен Балкан и земјите од ЕУ од регионот за тековната и идна соработка во врска со можните начини за регулирање на прекуграничните патувања, транспортот и туризмот, исполнувајќи ги потребните медицински критериуми.