Достапни линкови

Димитров на „Солун 2020“: Регионот мора да закрепне


Министерот за надворешни работи Никола Димитров на Видео конференција „Солун 2020“

Ја реафирмиравме нашата решеност да продолжиме да ја продлабочиме нашата соработка за да ги ублажиме последиците од пандемијата на ковид-19 и да ги поставиме темелите за закрепнување на регионот, напишаа денеска во заедничка изјава шефовите на дипломатиите на Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Словенија, Албанија, Србија, БиХ и Косово, по вториот министерски форум „Солун 2020“, соопшти македонското МНР.

На денешната средба преку видеоконференција, организирана по иницијатива на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Дендиас, присуствуваше и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

„За кратко време со грчките пријатели успеавме да бидеме виртуелни кодомаќини на колегите од регионот и на високи претставници на ЕУ за да се иницира дискусија за заедничката соработка во следната фаза по појавата на пандемијата, нешто што беше незамисливо до пред неколку години. Сето тоа дава увереност дека таквиот пристап ќе продолжи и во иднина, во насока на целосна интеграција на Западниот Балкан во ЕУ. Заедничката изјава што денес ја усвоивме е уште еден показател во тој поглед“, рече Димитров, соопшти МНР.

За време на состанокот биле донесени 10 заклучоци што се однесуваат на стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан, на здравствениот и туристичкиот сектор и транспортот, на регионалната соработка, како и почитување на индивидуалните права и слободи, независните медиуми и борбата со ширење на дезинформациите, а паралелно ја поздравуваат и одлуката на Унијата за помошта за регионот за справување со пандемијата.

XS
SM
MD
LG