Вучиќ: Сакаме во ЕУ, ама нема да зборувам потив Русија и Кина

Илустрација - Плакат со српскиот и кинескиот претседател за време на протест пред српското Собрание на 28 април 2020 година.

За нас ЕУ е стратешка цел, но јас нема никому да му се додворувам и да зборувам против Кина и Русија, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за РТС, јави МИА од Белград. Шефот на српската држава вели дека на Самитот ЕУ - Западен Балкан, Србија ја потврдила својата заложба за членство во ЕУ.

Вучиќ вели дека сака помалку да се зборува за перспективата, а повеќе за процесот на проширување на Унијата и дека на онлајн Самитот биле доминантни три теми - економското закрепнување по пандемијата, продолжување на реформите и процесот на пристапување во ЕУ.