За прв пат заболен од коронавирус тргнат од респираторна машина

Градска општа болница 8-ми Септември Скопје

Директорот на градската општа болница „8 Септември“, Христијан Костов денеска изјави дека од респираторна машина бил тргнат 37-годишен пациент. Тој во изјава за МИА посочува дека пациентот кој пред три недели бил примен во тешка состојба сега сам дише и неговата состојба е стабилна. За прв пат од појавата на болеста еден пациент кој бил ставен на респираторна машина нема потреба од таква асистенција.

Оздравени 21, починат 1 и 8 новозаразени во последните 24 часа

„Му треба време на организмот. Ние пробуваме. Ако му падне сатурацијата (присуството на кислород во крвта) може повторно да го ставиме на респираторна машина. Мора да му се даде време. Неопходни се 24 до 48 часа за да сме целосно сигурни дека на пациентот не му треба респираторна машина. Ова е резултат на ангажманот на целата екипа во болницата која макотрпно работи“, рече д-р Костов.