Достапни линкови

Оздравени 21, починат 1 и 8 новозаразени во последните 24 часа


Клиника за инфективни болести во Скопје

Во изминатите 24 часа регистрирани се нови осум случаи на заболени од корона вирусот, 21 оздравени и еден починат пациент, информираат од Министерството за здравство.

„Направени се 185 тестирања, а потврдени се 8 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-3, Битола-1 и Велес-4. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент во: Скопје-8, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1.

Согласно ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.526 , бројката на оздравени пациенти е 1.013 , на починати е 86, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 427“, соопшти МЗ.

Направените 185 теста се преку: ИЈЗ –79, Ветеринарен ф-тет -3 , Авицена –9, Биотек -33, Филип Втори (Жан Митрев) –27, Систина со PCR метода -17 и МАНУ -17. Досега во земјата се направени вкупно 17.544 тестирања на ковид -19.

XS
SM
MD
LG