Во Франција, повеќе од 25.000 починати од коронавирусот

Париѕ, болница, илустрација

Во Франција од први март починале 25.200 луѓе, а 306 луѓе починале во последните 24 часа, соопштија француските власти.Во таа земја, која е меѓу најпогодените од коронарнавирусот, во последните 24 часа се регистрирани 576 нови пациенти, со вкупно 131.863 заразени.

Карантин за сите кои влегуваат во Франција

Министерот за здравство на Франција, Оливие Веран изјави дека околу 3.696 пациенти се уште се наоѓаат во одделите за интензивна нега во болниците.