Достапни линкови

Карантин за сите кои влегуваат во Франција


илустрација

Луѓето кои влегуваат во Франција, вклучително и француските државјани, ќе мора да поминат задолжителен двонеделен карантин. Овие мерки ќе бидат спроведени за да се спречи ширењето на коронавирусот, објави министерот за здравство Оливие Веран.

Според него, спроведувањето на карантинските мерки за асимптоматски случаи и изолацијата за оние кои имаат симптоми на коронавирусот, ќе бидат набљудувани од правосудните органи за да се осигура дека тие се оправдани и праведни, пренесува „Ројтерс“. Новите правила за карантин се утврдени со регулативата за продолжување на вонредната состојба до 24 јули, што треба да биде усвоена во парламентот утре.

Франција е трета најзагрозена земја во светот од коронавирусот. Во последните 24 часа, од компликации со Ковид-19 во земјата починале 166 лица, со што бројот на смртни случаи се зголеми на 24.760.

XS
SM
MD
LG