Избори во Србија на 21 јуни, митинзи во мај нема да има

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска изјави дека парламентарните избори во земјата ќе се одржат на 21 јуни 2020. По состанокот со претставниците на партиите кои најавија дека ќе учествуваат на изборите, Вучиќ изјави дека го прифатил предлогот на дел од партиите кои рекле дека има требаат 38 дена до одржување на изборите.

Тој рече дека не очекува во мај да има голем предизборни собирања, особено во затворени простории, а за во јуни ќе чекаат мислења на лекарите, па дури тогаш ќе може да има митинзи.

Вучиќ: Србија ќе ја укине вонредната состојба

Вучиќ вели дека по тешките времиња треба да се создаде демократска атмосфера и да се изберат парламент и влада кои ќе им служат на интересите на граѓаните.

Српскиот претседател рече дека лично ќе се обиде и ќе ги замоли и соработниците да и пристапат на ова кампањата со толеранција, сериозност и одговорност.