Словенија постепено ќе отвора училишта

илустрација

Наставата преку телевизија и преку интернет воведена во Словенија поради КОВИД-19 ќе продолжи и во наредните две недели и покрај олеснувањето на епидемијата, но со постепено отворање градинки и училишта што се планира од 15-ти мај, најави словенечката министерка занаука, образование и спорт Симона Кустец.

Во училишните клупи ќе се вратат учениците од првите три одделенија во основните училишта, матурантите, учениците со посебни потреби и оние кои треба да ги подобрат оценките.Ќе се отворат и градинките, особено за згрижување деца чии родители се враќаат на работа.

Според епидемиолошките препораки, во училниците ќе треба да имаат помалку ученици, една паралелка најверојатно ќе биде поделена на два, ќе треба да се обезбедат доволно средства за дезинфекција и редовно проветрување на просторот, а задолжителни маски се потребни само за ученици над 12 години.