Постигнат договор за нова косовска влада

Илустрација - Средба на претседателот Хашим Тачи со претставниците на косовските политички партии

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, објави дека е постигнат договор со Демократскиот сојуз на Косово за формирање нова заедничка влада, која ќе ја води потпретседтелот на Демократскиот сојуз на Косово, Авдулах Хоти, јави МИА од Приштина.

По денешната средба со Иса Мустафа, одржана во Собранието на Косово, Харадинај објави дека Алијансата за иднината на Косово во кабинетот на Хоти ќе има 4 министри и 1 вицепремиер, а Демократскиот сојуз на Косово ќе ги води ресорите надворешни работи, образование, правда и економски развој.

Откако на 25 март Собранието на Косово ѝ изгласа недоверба на владата на Албин Курти, претседателот на државата Хашим Тачи го додели мандатот за формирање нова влада на Демократскиот сојуз на Косово, откако таа партија објави дека може да го обезбеди потребното парламентарно мнозинство за поддршка на кабинетот што ќе го предложи Хоти.