Српскиот парламент треба да ја потврди вонредната состојба

Александар Вучиќ, претседател на Србија

Српските парламентарци денеска треба да ја потврдат одлуката на српската влада да прогласи вонредна состојба. На агендата на првата седница за време на вонредна состојба е предлог-законот за одобрување на прописите донесени од Владата на Србија со потпис на чефот на државата. Поради пандемијата на коронавирусот претседателите на државата, на владата и на собранието воведоа вонредна состојба со три потписи на 15 март, без одлука на Собранието.

Српската опозиција најави протест против првомајски карантин

Како што беше речено во тоа време, Собранието не можеше да се состане бидејќи Владата, со указ за време на вонредна состојба, забрани собирање на повеќе од 50 лица во затворено.