Крвна плазма од оздравени, лек за заболени од коронавирус

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Дали крвната плазма е спас од коронавирусот?

Крвната плазма од пациенти кои оздравеле од коронавирус почнува експериментално да им се дава на инфицирани, бидејќи содржи антитела. Но, сеуште се потребни дополнителни истражувања, бидејќи ефикасноста на оваа метода не е потврдена.

Тифани Пинкни, донатор на плазма и излекувана од КОВИД 19:

„Дефинитивно е големо задоволство да се знае дека во мојата крв можеби има одговори“

Тифани е со добро здравје по лекувањето од КОВИД 19. Тоа значи дека има шанси да им помогне на другите. Таа е една од првите во Њујорк која донира крвна плазма која би можела да биде користена за експериментално лекување.

Артуро Касадевал, имунолог:

„Многу е едноставно, оздравените имаат во крвта антитела кои го убиваат вирусот. Доколку донираат плазма, која е дел од крвта, а плазмата содржи антитела, можете да ја земете и да му ја дадете на друго лице за лекување на инфекцијата или како превенција“.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Вакцина против корона за околу 18 месеци


Трансфузијата на антитела од излекуван пациент создава пасивен имунитет кај примачот и му помага да се бори со инфекцијата.

Ова е нова и непроверена метода за борба против коронавирусот, но не е нова во медицината, користена е и при други пандемии.

Давид Рајх од Монт Синај болницата:

„Се чини дека беше ефикасна во претходните епидемии. Имаше добри резултати при свинскиот грип, вирусот Х1Н1 епидемијата во 2008-ма и 2009-та“.

Но, стручњаците велат дека има уште многу непознати за коронавирусот и за ефикасната борба против него.

Артуро Касадевал:

„Со плазмата има добри искуства од минатото, но коронавирусот е нова болест, па треба да истражиме како да се користи. Дури и ако некои рани резултати се позитивни, мислам дека треба да бидеме ригорозни во нашите размислувања и соодветно клинички да тестираме“.

Видете и ова: Прерано е за укинување на ограничувањата


Во Маунт Синај болницата во Њујорк, 35 пациенти примиле плазма од донатори, како декл од килиничката студија.

Доктор Аниа Вајберг:

„Го следиме исклучително внимателно нивниот клинички прогрес, како и други податоци, па се надевам дека за две недели ќе можеме да донесеме некакви заклучоци. На пример, дали можат повторно да се инфицираат, колку долго ќе им трае имунитетот?“

Слични истражувања се одвиваат и во Европа и во Кина, каде што лекарите велат дека има одредени позитивни резултати.

Доколку трансфузијата на плазма се покаже безбедна и ефикасна против коронавирусот, и натаму ќе биде предизвик за масовното користење.

Видете и ова: Приказни на медицинските лица во првите редови


Диана Берент, излекуван пациент, иницира мрежа наречена „Преживеани“ со цел да привлече потенцијални донатори во САД. Таа вели дека човечки животи се во прашање и нема време за губење.

Научниците очекуваат да продолжи истражувањето на ефектите од плазмата, паралелно со напорите за откривање вакцина. Во меѓувреме, пасивниот имунитет можеби станува нова метода во глобалната битка против пандемии.