Сенатот на САД усвои нов пакет помош од скоро 500 милијарди долари

илустрација

Американскиот Сенат синоќа донесе нов пакет помош од 500 милијарди долари за поддршка на малите и средни бизниси поради кризата на епидемијата „Ковид-19“, како и да им помогне на болниците во тестирањето на коронавирусот. Бизнисите со помалку од 500 вработени добиваат заем од 320 милијарди американски долари.

Трамп ја запира имиграцијата за да ги заштити работните места

Болниците ќе добијат помош од 75 милијарди долари, 25 милијарди долари за прегледи на коронавирус и 60 милијарди долари за други сектори погодени од кризи, пред се земјоделството. Претставничкиот дом се очекува да гласа по предлогот во текот на оваа недела. За да биде ефективен, документот, по неговото усвојување и во двата дома, мора да го потпише американскиот претседател Доналд Трамп.