Вонреден состанок на НАТО за коронавирусот

генералниот секретар Јенс Столтенберг

НАТО денеска ќе одржи вонреден онлајн состанок на кој единствената точка на дневниот ред ќе биде пандемијата со Ковид-19, соопшти генералниот секретар Јенс Столтенберг, кој ќе ја води конференцијата. Столтенберг пред состанокот предупреди и на лажните вести и информации кои, како што изјави, ги лиферуваат државни и недржавни институции со цел да внесат раздор меѓу земјите членки.

Генерал на НАТО ќе го координира одговорот на пандемијата на коронавирусот

Затоа, според него, потребно е сојузниците да соработуваат за да се разоткријат и спречат таквите влијанија. Столтенберг потсети дека НАТО е активен уште од почетокот на кризата, придонесувајќи за превенција и борба против Ковид-19. На состанокот ќе учествува и вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Пендаровски и Столтенберг зборувале за справувањето со коронавирусот

Ова е прв министерски состанок на шефовите на одбраната на Алијансата на кој министерката Шекеринска учествува како претставник на полноправна членка на НАТО.